Селта поведе со голот на Ларсен во шестата минута, по што следеше пресврт на Бетис со погодоците на Хуанми и Каналес. Меѓутоа, гостите до крајот на првите 45 минути преку Веига израмнија на 2-2.
Во вториот дел Веига стрела за нов пресврт, и тоа овој пат за Селта (3-2), по што Аидо погоди за водство од 4-2 на 20 минути пред крајот на натпреварот.
Фекир од пенал во 84. минута ја врати надежта кај Бетис дека може да се спаси од пораз, меѓутоа домаќините немаа сила за четврти гол.