Семејна трагедија во Србија

Според неофицијална информација двајца сопружници на 54 и 55-годишна возраст заедно скокнале од покрив на зграда во градба во Борча. Како причина за трагедијата, како што изјавуваат соседите, се наведува смртта на нивниот син кој пред една година, исто така се самоубил, фрлајќи се од зграда во Белград. Летово родителите се преселиле во малото градче за да бидат поблизу до неговиот гроб и за да можат секојдневно да му одаваат почит. Сепак не успеале да се справат со големата болка по ненадоместливата загуба и се одлучиле на овој ужасен чекор. Двајцата починале на лице место.
Полицијата која, наводно, претходно добила информација од внука на трагично починатиот дека планираат да го преземат тој чекор, веднаш заминала на адресата каде што живееле, но единствено што пронашла биле клучевите од нивниот стан во поштенското сандаче.
Екипата на Брзата помош, која исто така набрзо пристигнала, ги нашла телата на сопружниците во снегот, но можела само да констатира смрт.
На местото на трагичниот настан извршен е увид од страна на српскиот МУП.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.