Семејство нуди 90.000 евра за фотограф што ќе ги придружува на нивното патување

Ова може да биде работата од соништата за некого. Замислете да ве плаќаат да патувате низ светот, да гледате неверојатни места и да заработувате 90.000 евра годишно! Неверојатно, се согласувате? Вашата единствена задача би била да го следите семејството каде и да оди и да правите фотографии од нив.
Да, ова семејство нуди неверојатна можност да патувате на места како што се Формула 1 трките во Монако, Абу Даби, Марди Грас во Њу Орлеанс и Карневалот во Рио. Работата како личен фотограф на ова семејство почнува во февруари 2019 година и додека работите за нив, нема да треба да се грижите за храна, превоз или сместување, бидејќи сè е вклучено во понудата.
Целото ова патување ќе биде луксузно и ќе води кон егзотични дестинација ширум целата планета, бидејќи семејството планира да патува низ Европа, Америка и Австралија.

Работната понуда била објавена на Perfocal, каде што било објаснето дека семејството поседува голем број викендички и други резиденции. Но, иако изгледа како рајска понуда, сепак треба да имате на ум дека работните часови ќе бидат долги и можно е да не можете да уживате во секоја дестинација целосно бидејќи ќе мора будно да ги следите движењата на членовите на семејството. Во апликацијата пишува дека ќе треба да бидете подготвени да работите и до 10 часа на ден, за да направите богата колекција со фотографии.
Патувањата ќе бидат по неколку месеци, измеѓу кои ќе имате по неколку денови да поминете со вашето семејство, и исто така ќе треба да бидете подготвени да патувате во секој момент, и без да поставувате прашања – што можеби звучи малку чудно.
Но, секоја работа има позитивни и негативни страни, па истото важи и за оваа. Исто така, би имале 30-дневен одмор – денови кои вие би можеле да ги искористите кога сакате и како сакате, и вклучува целосна плата за време на боледување.
Па, ако сте вистинската личност за оваа работа, односно некој што има барем 5-годишно искуство во фотографирање животен стил, дефинитивно имате шанса да го разгледате 12-месечниот договор со нив во детали!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.