Семејство прекина погреб: Дојдете, стана од мртвите

 

Членови на едно кинеско семејство од покраината Хебеи се посомневале дека нивната покојна мајка е се уште жива, па сред погреб го отвориле ковчегот како би го провериле тоа.

После отворањето тие почнале да ја довикуваат, надевајќи се дека ќе им одговори, а бидејќи тоа не се случило викнале Брза помош.

Меѓутоа, кога медицинскиот кадар го прегледало телото на 73 годишната жена, утврдиле не само дека е навистина мртва, туку и дека телото почнало да скапува. Во нејзиниот болнички картон пишувало дека е прогласена мртва.

Работникот од брзата помош на покраинската болница Јаншан, доктор Жанг кажа дека примиле бизарен повик во кој им било кажано дека постара госпоѓа станала од мртвите.

-Кога дојдовме да интервенираме, погребот веќе траеше. Поклопот на ковчегот беше отворен и сите собрани гледаа внатре, изјавил Жанг.

Тогаш медицинските работници наводно ја прегледале старицата.

-Сигурно била мртва, телото веќе почна непријатно да мириса. Немаше шанси да е жива. Само биле параноични и им се причинило, кажал Жанг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.