Сенатската комисија го потврди именувањето на Бренан за шеф на CIA

Комисијата за разузнавачки активности при американскиот Сенат го добри во вторникот именувањето на Џон Бренан за директор на централната разузнавачка агенција CIA, третата функција која треба да се пополни во тимот на претседателот Барак Обама за национална безбедност.

 
Сенаторите зад затворени врати гласале за Џон Бренан со 12 гласови „за” и три глас „против”, откако четворица од седумте републиканци се приклучиле на демократското мнозинство. Гласањето уште мора да го потврди Сенатот, што може да се случи уште оваа седмица, изјавил челникот на демократското мнозинство, Хари Рејд.
На почетокот од годината Џон кери беше потврден на должноста државен секретар, а Чак Хејгел дојде на чело на министерството за одбрана – Пентагон.
Педесет иседумгодишниот Бренан е долгогодишен службеник на CIA во која минал 25 години. Последните четири години работел во претседателскиот тим во Белата куча каде бил задолжен за тероризмот и ја водеше тајната програма за целени убиства со беспилотните летала. Така го координирал и ткн „список на лица за отстрел”, односно високи членови на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.
Републиканците се закануваа дека ќе го развлекуваат именувањето на Бренана сѐ додека Белата куќа не им ги предочи доверливите документи со споменатата програма којашто стана јавна тајна и над која Сенатот би сакал да има контрола.
Според сенаторката Дајана Фејнстајн, администрацијата ги предала сите документи на министерството за провосудство.
Макфакс
Комисијата за разузнавачки активности при американскиот Сенат го добри во вторникот именувањет

Пронајдете не на следниве мрежи: