Роналдо замина во Азија, додека Меси уште игра во Европа, а не можат да се сретнат ниту во репрезентативни дуели со оглед на тоа што Португалија и Аргентина не можат да се сретнат пред СП 2026 година кога ниту еден од нив нема да игра за репрезентацијата, доколку тогаш воопшто ќе се занимава професионално со фудбалот.
Но, верувале или не, нивното попладневно танго веројатно ќе го имаме веќе во јануари.
Имено, фудбалерите на ПСЖ во јануари ќе отпатуваат за Саудиска Арабија каде ќе одиграат пријателски натпревар, а противник ќе им биде комбинираниот тим на двете најдобри саудиски екипи Ал-Наср и Ал-Хилал.
Извесно е дека Роналдо ќе биде дел од тимот на Саудиска Арабија, а веројатно на богатите сопственици на ПСЖ нема да им пречи да игра и Меси и на овој начин ќе го видиме последниот дуел на најдобрите играчи во изминатите 20 и повеќе години. и веројатно во историјата на фудбалот.