Сепак ќе има снег за Нова година

Новогодишната ноќ во поголемиот дел од земјата ќе биде студена со ниски температури под нулата. Снег ќе почне да паѓа од недела попладне, ќе продолжи во текот на целиот ден во понеделник, а за  новогодишната ноќ ќе престане.
-Повремени врнежи од дожд и снег на пониските делови, а на повисоките и планините од снег ќе има уште од недела попладне. Врнежите од снег ќе продолжат и понеделник особено на северот, а ќе дува северен ветер, што во понеделник и вторник повремено ќе засилува. Врнежите ќе прекинат ноќта кон вторник, информираат од УХМР.
Температурата во текот на новогодишната ноќ ќе се движи од -3 до 3 степени. На југоисток температурите ќе бидат над нулата, а во останатите делови од земјата новогодишната ноќ ќе биде со температура под нулата. Дневните темпратури ќе достигнат до 8 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.