СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД ЛОС АНЏЕЛЕС КОНЕЧНО ФАТЕН – Една грешка била кобна за него, еве каква група на луѓе била цел на психопатот

Полицијата во САД уапси осомничен сериски убиец за кој се верува дека убил тројца бездомници на улиците на Лос Анџелес.

Детективите дошле до овој заклучок додека осомничениот бил во притвор за четвртото убиство, кое не е поврзано со другите три.

Нетанјаху: Израел се пресмета со Синвар, но војната не е завршена
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска, по убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, дека војната на Блискиот Исток се уште не е завршена и дека …
Селекторот на Бразил го „издаде“ Нејмар кога ќе се врати на терен!
Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Доривал Жуниор, го најави официјалното враќање на Нејмар на теренот по долгата пауза поради повреда. Бразилската ѕвезда за неколку дена ќе …

Осомничениот (33 г.) наводно застрелал тројца мажи додека спиеле на улица, како и четврти маж, кој не бил бездомник.

Сите жртви ги убил во период од четири дена, додава полицијата.

Градските власти претходно ги повикаа бездомниците да бидат дополнително внимателни поради убиецот кој ги демне бездомниците.

„Пред 24 часа објавивме дека убиецот е на слобода. Сега е во притвор“, изјави градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас.

Убиецот бил фатен поради неуспешен грабеж во домот на маж (42 г.), татко на две деца, кои ги убил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.