Серија земјотреси го погодија денеска грчкиот полуостров Халкидики – најсилниот беше 4,2 степени според Рихтеровата скала

Серија земјотреси денеска го погодија полуостровот Халкидики во Грција, од кои најсилниот беше 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на тој земјотрес бил на 19 километри од Неа Рода, покажуваат податоците на веб-страницата специјализирана за следење земјотреси EMSC.

Останатите земјотреси биле со јачина меѓу 2,4 и 2,8 степени според Рихтеровата скала.

Нема информации за материјална штета, јавува Танјуг.

Пронајдете не на следниве мрежи: