Се вери Кортни Кардашијан: Огромен дијамантски прстен, илјадници црвени рози и свеќи на плажа

Врската помеѓу Кортни Кардашијан и Тревис Баркер, тапанарот на групата „Blink 182“, се официјализираше во февруари годинава, а музичарот сега ја запроси, една од најпопуларните сестри во светот.
По помалку од една година врска, ријалити ѕвездата и музичарот се верија.
Кортни Кардашијан (42) и Тревис Баркер (45), се верија во неделата во хотел во Калифорнија, а Кортни објави фотофрафии на Инстаграм. Овој брак ќе биде прв за ријалити sвездата, а трет за Тревис.
Тревис ја запроси Кортни во романтичен амбиент, во вистинско море од рози во форма на срце поставени на брегот, и сето тоа се случи за време на зајдисонце, а присуствуваа членовите на семејството, Клои, Кајли и Кендал Џенер, Крис Џенер, Тристан Томпсон, но и децата на Тревис од претходниот брак – Лендон, Алабама и ќерката Атијана.


„Засекогаш, Тревис Баркер“, напиша 42-годишната ријалити sвезда во описот на нивните заеднички фотографии на кои се бакнуваат на плажа, опкружени со срце од бројни рози и романтични свеќи.
Веднаш потоа следеа бројни честитки, а Ким Кардашијан објави и видео од пресреќниот пар, на кое се гледа огромен дијамантски прстен во преден план.
Кортни беше многу изненадена кога ги виде Клои и Тристан. Тревис ја одведе на плажа, каде што веќе беше поставена декорација од црвени рози и свеќи, и се’ изгледаше многу романтично. Видов насмевка од уво до уво на нејзиното лице и таа ја покри устата со двете раце бидејќи беше изненадена кога ја запроси. Семејството славеше со нив, а потоа сите се вратија во хотелот – изјавил извор близок до парот за „E! News“. Тој додаде дека Кортни плачела и дека постојано повторувала „те сакам“.
Двојката размислува за брак, а нивните семејства одлично се сложуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.