Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72), фронтменот на култниот бенд „Рибља чорба“, моментално се наоѓа во болница во Љубљана, каде се бори со тешка пневмонија и влошување на хроничната опструктивна белодробна болест.Според неговиот менаџер Бане Обрадовиќ, лекарите прават се што е во нивна моќ да му ја пружат потребната медицинска помош. Семејството на рокерот е информирано за неговата здравствена состојба, а јавноста наскоро ќе биде информирана за деталите.– Состојбата му се влоши… Има хронична опструктивна белодробна болест, лекарите прават се што е во нивна моќ. Семејството е информирано за се – изјави Обрадовиќ за „Информер“ и додаде дека наскоро ќе има повеќе детали.Бора Ѓорѓевиќ пред три дена беше итно задржан во болница во Љубљана поради проблеми со белите дробови. Неговата здравствена состојба се влошила, а лекарскиот тим одлучил да му забрани патување и вежбање, за да се посвети на закрепнувањето.На официјалната Фејсбук страница на групата „Рибља чорба“ објавено е соопштение за здравствената состојба на Бора Ѓорѓевиќ, што предизвика голема поддршка од фановите. Исто така, јавноста почна да шпекулира за неговата здравствена состојба, но менаџерот на групата апелираше на трпение и истакна дека Бора ќе закрепне и ќе продолжи со музичките ангажмани.Во меѓувреме, јавните личности ја изразија својата загриженост за здравјето на рокерот, а неговите колеги и пријатели испратија зборови на поддршка и желби за брзо закрепнување.Ситуацијата со Бори Ѓорѓевиќ привлече големо внимание во јавноста и предизвика лавина реакции.
Пронајдете не на следниве мрежи: