Поради пандемија на коронавирус, студент од Велика Британија итно го напуштил изнајмениот стан во кој живеел откако неговите родители се појавиле пред вратата за да го однесат дома.
Го оставил прозорецот од станот отворен, а после неколку месеци добил повик од управителот на зградата.
Му ги покажале фотографииите од станот што го шокирало 20-годишниот Олуваџорџ Џонсон. Имено, гулаби се вселиле во неговиот стан, па сè било покриено со птичји измет и пердуви, а во мијалникот имало дури и јајца од птици.
-Луѓето велеа дека војската излегла на улиците и моите родители беа испаничени. Го оставив прозорецот отворен и не бев таму околу шест месеци, рекол тој.
- Прв случај на Птичји грип во Калифорнија: „Природно е луѓето да бидат загрижени…“
- INFOMAX.MK
- ,,Подготвени сме да војуваме со Русија уште денеска!” Страшното предупредување на британскиот генерал: „Ако Путин го направи тоа… ќе ги начекаме“ (ВИДЕО)
- Радмила Шеќеринска на прием кај претседателката Сиљановска Давкова
- НАЈНОВА ВЕСТ: Уапсен висок функционер на ДУИ во хотел на Бит Пазар
Џонсон е студент по медиуми и комуникации на универзитетот „Нотингем Трент“ и иако наскоро планирал да се врати во станот, најверојатно ќе треба да почека уште малку.
-Никогаш повеќе не го оставам прозорецот отворен, рекол 20-годишникот.