Невреме проследено со град и силен ветер, ја зафати вчера Србија. Град со големина на орев ја погоди Меленица и создаде неверојатна глетка, која повеќе наликува на зима отколку на средина на лето.
Републичкиот хидрометеоролошки завод издал предупредување за вчера попладнето, вечерта и ноќта кон недела за интензивни грмежи со обилни врнежи, силен ветер и град. Предупредувањето било дадено за западна, централна и северна Србија.