Се зголемува бројот на хоспитализирани лица во ковид центрите во Скопје, во моментов од коронавирус се лекуваат 569 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 70 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 569 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 48 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 примени пациенти и 2 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 16 нови пациенти и 2 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 277 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 117 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 лица. На Клиниката за Детски болести има 27 пациенти позитивни на ковид 19 вирусот и 10 на ГАК .
Вкупно 569 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.