Се изнервира Џамбаски од Пендаровски, бара реакција од бугарското МНР

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на официјалниот Фејсбук профил реагира дека денешната изјава на претседателот Стево Пендаровски е „скандалозна и антибугарска“.

Се изнервира Џамбаски од Пендаровски, бара реакција од бугарското МНР

Нашето Министерство за надворешни работи мора да реагира итно и да побара извинување од Пендаровски. Уште еднаш лажеше дека властите во Софија се вклучени во депортацијата на Евреите од територијата на денешната Македонија. Докажан историски факт е дека ова е целосна лага. Одделно Пендаровски кажа уште една лага, прогласувајќи ја власта во Софија за профашистичка влада. Докажан историски факт – Кралството Бугарија никогаш не било на власт ниту владеело ниту со фашистички ниту национал социјалисти, пишува Џамбаски.

Додаде дека „лагите на Пендаровски“ се тешка навреда за бугарскиот народ и оти имаат за цел понижување и негирање на историската улога и заслуга на бугарскиот цар, црквата, политичарие и народот кои единствени во Европа ги спасиле од депортација и смрт.

Дрскоста на ксенофобната, антибугарска, антиевропска власт во Скопје оди до тоа да се обиде да ја негира оваа неспорна историска заслуга на нашата нација, која, ќе повторам, единствена во Европа, од која сега разни политички бескичметници се обидуваат да нè научат на ум и разум, се осмелија да му се спротивстават на Хитлер и ги спасија неговите Евреи.

Побара итна реакција од бугарското МНР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.