Фудбалерот Кристијано Роналдо на Инстаграм објавил фотографија со своите деца и напишал: „Забавни моменти со моите бебиња“. На некои од луѓето кои ја виделе фотографијата тоа баш им пречело.
Познатиот спортист Кристијано Роналдо покажал како се капе со своите деца кој ги добил со вереницата Џорџина Родригез.
„Ова е прекрасно“, „Семејството секогаш пред сè“, „Супертатко“, „Оооо, преслатки моменти“ – се само дел од коментарите кои се нашле под фотографијата на Кристијано Роналдо кој на Инстаграм го следат 205 милиони луѓе.
Но, имало и онакви кои коментирале: „Ова е чудно“, „Се надемав дека носиш долна облека, инаку ова е многу чудно господине Роналдо“…
На фотографијата не се гледа дали Кристијано Роналдо носи или пак не носи долна облека…
„Можеби станува збор за култура? Првата помисла ми беше дека ова е чудно. Имам четиригодишна ќерка која нема поим дека јас на било кој начин сум поразлична од неа и не правам чудни работи, но можеби ова таму е културно прифатливо“.