Ердоган посочи дека е јасна целта на стапиците кои со векови и се поставуваат на Турција, а целта била да се исклучи Анкара од светскиот политички и економски поредок.
Турција постигна голем напредок во последните 20 години, а целта е да стане една од десетте најсилни земји во светот, рече Ердоган на свеченото отворање на неколку инфраструктурни проекти во турскиот град Самсун.
„Во секоја криза се потпиравме на сопствените сили и уште повеќе го користевме нашиот потенцијал“, рече Ердоган на отворањето на државната болница, патот и кампусот во Самсун, јави Анадолија.