Обвинителството на Македонија соопшти за тешка сообраќајна несреќа кај Куманово, во која учествувал и Ѓорѓе Давид и во која едно лице загина, а неколку се повредени.
Според првите информации, прво се судриле два автомобила, „фолксваген поло“ со кумановски регистрации и „фолксваген голф“ со скопски регистерски таблички. Како што се истакнува во соопштението до судирот дошло кога возачот на еден од автомобилите влегол на автопатот во спротивен правец.
- Зеленски: Сакаме да го завршиме конффликтот со Русија во 2025 годинаУкраина сака да добие безбедносни гаранции од САД и да го- прочитај повеќе
- Инспектор нападнал началник во ОВР Радовиш – доби кривична пријава и суспензијаОдделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР,- прочитај повеќе
- САД: ПОЖАРОТ ПОДМЕТНАТ?! Полицијата во Лос Анџелес уапси пироман, истрагата доби шокантен тек!Пожарот во Кенет во Лос Анџелес сега се истражува како случај- прочитај повеќе
- Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камериПроектот за камери е еден од приоритетите на Министерството за внатрешни- прочитај повеќе
- Исекле шума во вредност од два милиона: Уапсени двајца мажи поради кражба на дрва!Припадници на Министерството за внатрешни работи, Службата за сузбивање криминал при- прочитај повеќе
„По тој првичен судир од автомобилот излегла сопатничката од возилото со кумановски регистрации и во тој момент на неа налетал автомобил „опел“ со српски регистарски таблички. Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала”, се вели во соопштението на обвинителството.
Издадена е наредба за обдукција на жртвата, но и за преглед на примероци од крв и урина на останатите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди.
,,Собрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа“, се додава во соопштението.
Да потсетиме, несреќата се случила синоќа околу 20 часот на патот Куманово-Табановце, а во несреќата загинала Љ. Т.(49).
Полицијата претходно соопшти дека „полото“ го управувал Б.Т.(24) од Куманово, додека „голфот“ го управувал В.П.(45). Зад воланот на ,,Oпел инсигнија” бил Ѓорѓе Давид.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.