Пејачката Анастасија Ражнатовиќ објави дека се омажила.
Таа веќе подолго време е во врска со фудбалерот Немања Гудељ, со кој се сврши пред неколку недели.
Анастасија објави фотографија на која се држат за рака, а на прстите имаат бурми.
-Господин и госпоѓа Гудељ, напиша Анастасија на Инстаграм.
Дел од српските медиуми јавуваат дека тие се венчале во манастирот Ражиновац во присуство на најблиското семејство и кумовите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.