Се пееше и веселеше: Синот на Ребека славеше полуматура – Маркијан на забава со другарчињата од „Златан Сремац“

Родителите пресреќни, децата весели, сите заедно се забавуваа.
Учениците од училиштето „Д-р Златан Сремац“ го прославуваа крајот на учебната година и полуматурата, па заедно со родителите беа дел од една прекрасна забава.

Маркијан, синот на нашата популарна пејачка Ребека Јанковска Ристески, славеше заедно со своите другарчиња, а неговата мајка беше посреќна од било кога.

Ребека и нејзиниот сопруг, докторот Милан Ристески, имаат три деца, синовите Маркијан и близнаците Макариј и Доротеј.
Семејството Ристески се вистински пример како се негуваат вистинските и добрите вредности.

Се пееше и веселеше: Синот на Ребека славеше полуматура – Маркијан на забава со другарчињата од „Златан Сремац“

Иако пејачката ретко зборува за својот приватен живот, за борбата со болест на нејзиниот прв син секогаш отворено и гласно зборува, се со цел некому да помогне.
Кога Маркијан имал само 3 месеци првпат добил епилептични напади. Понекогаш знаел да има и по 100 напади на ден, а за неговото лекувње потребни биле многу пари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.