Убавото време во текот на викендот, во комбинација со релативно високите температури и кревањето на рестриктивните мерки „Ковид-19“, натера многу Атињани да дојдат на неколку плажи во Атика. Иако имало некои случаи кога граѓаните не применувале социјално растојание, повеќето од нив се придржувале кон упатствата за безбедност.
За тоа говорат фотографиите напладне во сабота на плажата Вулијагмени, Луца и Глифада.
Инаку, на почетокот на неделава се предвидува времето да засили со температури кои достигнуваат до 35 степени целзиусови во централниот и јужниот дел.