Четворица патници загинаа во судир на два т.н. ултралесни авиони, денеска во близина на аеродром во североисточна Шпанија, соопштија регионалните власти.
Добивај вести на вибер
Пожарникарите го пронашле авионот во пламен во шумска област во близина на аеродромот „Моја“ северно од Барселона, откако очевидец пријавил дека видел пад на т.н. лесен авион, соопшти регионалната влада на Каталонија.
Кога пожарот бил изгаснат, пожарникарите виделе две безживотни тела во леталото.
Неколку часа подоцна, пожарникарите пронајдоа втор соборен лесен авион со двајца загинати во него на околу 300 метри од првиот.
Властите веруваат дека два авиони се судриле во воздух. Отворена е истрага за причините за несреќата.