Се уште не се знае број на заглавени под урнатиот мост во Калкута

Спасувачките екипи во индискиот град Калкута се уште немаат точна информација дали и колку луѓе се затрупани под мостот што денеска се урна во овој град.
Локалните медиуми јавуваат дека најмалку пет лица загинале, а осуммина се повредени.
Мостот бил стар 40 години, а причината за неговото уривање засега не се знае.

Кога несреќата се случила возила минувале преку мостот, а затрупани останале пет автомобили и еден минибус.
Индиската армија испрати медицински тимови да им помогнат на повредените од блиска полска болница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.