СЗО го прогласи сојот JN.1 на Ковид-19 за „варијанта од интерес“

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира сојот JN.1 на вирусот Ковид-19 како „варијанта од интерес“, додавајќи дека според достапните докази, тој претставува низок глобален ризик за јавното здравје.

Вардар: Фрлаа со топовски удари кон нас, ни ја нападнаа управата, го повредија судијата…
Фудбалскиот спектакл во Кавадарци заврши со победа на Вардар од 1-0 против Тиквеш, но мечот имаше и „трето полувреме“ во кое беа нападнати членови на стручниот штаб на скопскиот гигант. Додека го напуштаа …
ОН: Овие злосторства мора да престанат
Водечките претставници на Обединетите нации бараат „запирање на ужасното човечко страдање и хуманитарната катастрофа“ во Појасот Газа, речиси една година по почетокот на војната меѓу Израел и палестинската група Хамас. „Овие злосторства мора …

Сепак, СЗО предупредува дека JN.1 може да го зголеми товарот на респираторните инфекции во многу земји со почетокот на зимата на северната хемисфера.

Според здравствената агенција на Обединетите нации, сегашните вакцини и натаму штитат од тешки заболувања и смрт од JN.1 и други циркулирачки варијанти на Ковид-19.

СЗО соопшти дека коронавирусот не е единствената респираторна болест што циркулира, додавајќи дека случаите на заболени од грип, респираторен синцициски вирус и вообичаена детска пневмонија се во пораст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.