Земјите треба да размислат да им препорачаат на патниците да носат маски на летовите на долги релации поради појавата на нов подвид на омикрон кој брзо се шири во САД, соопшти денеска Светската здравствена организација.
Во Европа, новиот подвид на корона, кракен, е откриен во мал број земји, соопштија претставници на СЗО за Европа, објави „Ројтерс“.
Тие рекоа дека патниците треба да се советуваат да носат маски на подолги летови, рече високиот претставник на СЗО за итни случаи во Европа, Кетрин Смолвуд.