Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 22 часот и 7 минути во Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот е на 10 километри северозападно од градот Никшиќ, соопшти Европскиот сеизмолошки центар.
Потресот бил почувствуван во Босна и Херцеговина и во Хрватска. Во моментов нема извештаи за штети или жртви.