Силно невреме во Хрватска

По вчерашниот жежок и спарен ден, делови на Хрватска синоќа беа зафатени од силно невреме, пропратено со силен ветер, грмежи и пороен дожд.Како што објавуваат хрватските медиуми во некои делови на континенталниот дел на Хрватска била регистрирана и појава на град со големина на орев, кој оштетил повеќе покриви во реонот на Сисак и Велика Горица.

Силниот ветер дури корнел дрва, а во некои делови на земјата се регистрирани и поплави.
На островот Хвар дошло до зголемување на нивото на Јадранското Море за дури 15 сантиметри, што предизвикало поплави во крајбрежните делови и пониските зони на населните места.

Излевање на морето е регистрирано и на Црес, каде наврнале повеќе од 50 милиметри дожд, а дувал и ветер со брзина од 100 километри на час.
По невремето во крајбрежните делови на Истра биле регострирани голем број пијавици, кои ги донел силниот ветер.
 
 Како што објавуваат хрватските медиуми во некои делови на континенталниот дел на Хрватска била регистрирана и појава на град со големина на о

Пронајдете не на следниве мрежи: