Во Њујорк 15-но девојче со пречки во развојот К.Ј. било силувано од двајца врсници од своето одделение, на час и тоа пред наставничката, која ништо не превземала за да го спречи чинот. Мајката на малолетничката поднела тужба против школото и наставничката, за која тврди дека ја игнорирала целата ситуација, дури и кога еден од силувачи заиграл на маса.
Девојчето, кое има коенфициент на интелигенија-60, е единствено женско дете во одделението заедно со 13 момчиња, во училиште за малолетни деликвенти и деца со посебни потреби – Академија Мартин де Порц. За време на наставата, двајцата насилници ја присилиле да клекне под клупа, каде ја натерале на анален секс. Еден од нив ја силувал 10 минути, додека другиот ја удирал по главата секој пат кога таа пробувала да побегне. Професорката цело време била само на неколку метри од нив, и ниеднаш не направила ништо за да го спречи насилниот настан, дури ни кога еден од момчињата се качил на клупата под која се наоѓало девојчето и почнал да игра.
За да биде уште потрагично, девојчето случајот го пријавило кај социјалниот работник во училиштето, но тој не пријавил кај надлежните. Наместо да пријави, тој ја затворил во училница заедно со силувачите и им рекол сами да го расчистат својот проблем. Малолетничката излегла од училницата со модрица на десното око.
Двајцата сторители се познати по своите насилни акти и двајцата живеат во домот за деликветни, Каса се ла Сал.
Мајката на несреќната девојка тврди дека насилниците ја малтретирале нејзината ќерка со месеци, но дека не била во можност итно да го премести девојчето во друго училиште.
Директорот на кадемијата Мартин де Порц, Ед Дана, изјавил за американските медиуми дека почнала истрагата веднаш штом управата слушнала за грозоморниот случај, а наставничката која го игнорирала силувањето, во истиот момент е отпуштена.Во Њујорк 15-но девојче со пречки во развојот К.Ј. било силувано од двајца врсници од