Силјановска официјално демантираше: Не сум се фотографирала со восочна фигура на Трамп

Почитувани, Ве информирам дека фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп.

Написите на одредени медиуми дека станува збор за фотографија со восочна фигура се целосно неточни, злонамерни и со јасна тенденција за дискредитација.

Давкова објави дека била на приемот од Трамп и слика со неговата фигура која предизвика лавина на реакции и коментари. Дали се работи за восочна фигура?

Упатувам апел до медиумите за професионално, одговорно и чесно информирање на јавноста, со почитување на вистината како највисок демократски принцип.

Пронајдете не на следниве мрежи: