„Сине, не плачи, не чувствувам болка“ – Осумте лаги на мојата мајка за да ме заштити

Мојата мајка не ја кажуваше секогаш вистината. Ме излажа осум пати во важни животни моменти. Приказната почнува со моето раѓање. Роден сум како син единец во многу сиромашно семејство. Сиромашно до таа мерка што немавме доволно храна, а камоли нешто повеќе. Во ретки прилики се случуваше да имаме малку компири дома.
Кога малку потпораснав, мојата мајка по обавувањето на домашните работи, ќе отидеше до реката која се наоѓање под нашата куѓа, со надеж дека ќе улови некоја риба за јас да се хранам здраво и да се развивам како другите деца. Во една прилика, успеа да улови дури две риби. Побрза дома и ги зготви двете риби и ги стави во мојата чинија. Јас малку по малку ја јадев рибата, а мојата мајка го јадеше она што ќе остане на коските.

Гледајќи го тоа, моето срце затрепери и онаа, другата риба ѝ ја ставив во нејзината чинија, а таа ми ја врати велејќи: „Сине, изеди ја и другата, знаеш дека јас не обожавам риба“. Тоа беше нејзината втора лага. Времето поминуваше и дојде ден јас да појдам на училиште. Бидејќи немавме доволно пари за школување, мајка ми отиде во една продавница за алишта и се договори со сопственикот да продава алишта по куќите на богатите луѓе. Еден студен и дождлив ден, мајка ми се задржа подолго на работа. Чекајќи ја дома, се загрижив и излегов да ја побарам. Ја видов како ја носи торбата со алишта и чука на вратите од туѓите куќи. Ја повикав: „Мамоооо, ајде дојди. Си одиме дома, доцна е и студи. Можеш да продолжиш изутрина!“ Таа се насмеа и ми рече: „Сине, јас не сум уморна.“ Тоа беше нејзината трета лага.


Дојде денот кога се полагаа училишните испити. Иако беше многу жешко, мајка ми сакаше да дојде со мене на училиште. Сонцето ја пржеше земјата, а површината на песокот зрачеше од топлина. Влегов во училиштето, а таа остана да ме чека во школскиот двор. Кога завршија испитите излегов од училиштето, а таа ме дочека со топла мајчинска прегратка, исполнета со љубов и милост. Во раката држеше студен и свеж сок кој го купила за мене. Кога почнав да го пијам, се свртев и ја погледнав, по нејзиното чело се сливаа капки пот. И ја подадов чашата и и реков: „Мајко, пиј“, а таа ми рече: „Сине, само ти пиј. Јас не сум жедна“. Тоа беше нејзината четврта лага.
По смртта на мојот татко, мајка ми живееше тежок живот како вдовица. Ја превзеде целата одговорност за водење на куќата, едноставно мораше да се грижи за сè. Животот стануваше потежок, а ние многу често гладувавме. Покрај нашата куќа живееше мојот вујко, инаку многу добар човек. Тој често пати ни даваше храна за да не бидеме гладни. Кога видоа соседите колку страдаме и дека нашата состојба стана неподнослива, ја советуваа мојата мајка, која сè уште беше млада да се омажи за еден човек кој би ни помагал во животот. Меѓутоа, мојата мајка го одби овој совет со зборовите: „Јас немам потреба од љубов“. Тоа беше нејзината петта лага.
По завршувањето на факултетот, добив добро платена работа во една фирма и одлучив самиот да ја преземам грижата за куќата. Бидејќи здравјето на мојата мајка беше лошо и не можеше да продава облека по домовите на богатите, таа почна да продава зеленчук на пазар. Кога одби да престане да работи, издвоив дел од мојата плата и ѝ дадов, а таа одби да го прими велејќи: „Чувај ги сине твоите пари, јас имам доволно за себе“. Тоа беше нејзината шеста лага.
Без разлика што добив работа, јас го продолжив школувањето и набргу магистрирав. Постигнав успех и ми се зголемија приходите. Една фирма ми понуди добра работа во своето седиште во Германија. Навистина се израдував и така почнав да сонувам за новиот и среќен живот. Откако отпатував и се средив, ја повикав мојата мајка да живее кај мене. Таа не сакаше да ми пречи и ми рече: „Сине, јас не сум научена на удобен живот“.Тоа беше нејзината седма лага.


Како што поминуваше времето, мајка ми сè повеќе старееше и набргу се разболе од карцином. Во тешките моменти некој мораше да ѝ помага. Што можев да направам кога помеѓу мене и мојата сакана мајка имаше многу држави? Оставив сè и се вратив дома. Срцето ми се кинеше бидејќи беше исцрпена и слаба. Не беше тоа мојата мајка која што ја познавав. Солзи почна да се слеваат низ моите образи, но таа и тогаш се обиде да ме утеши велејќи: „Сине, не плачи, не чувствувам болка“. Тоа беше нејзината осма лага.
Откако го изусти тоа, ги затвори очите и веќе не ги отвори. На секој кој ги чувствува благодетите на своите родители му препорачуваме: Чувајте ја оваа благодет пред да тагувате по нивната загуба. Секому кој ја изгубил својата сакана мајка му препорачувам: Секогаш сети се колку само се жртвувала за тебе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.