Синот на Синан Сакиќ проговори: „Јас сум виновен што татко ми умре“

Најстариот син на легендарниот пејач Синан Сакиќ, Рашид Сакиќ, е во затвор од лани за учество во убиство,а токму поради него на секој настап Синан започнуваше со песната „Сине мој“ и лееше солзи. Рашид е пуштен од затвор за погребот на татка си, а извор вели дека ова му е најтежок момент во животот и се радува само што се смирил со Синан пред неговата смрт.

Го пуштија од затвор, многу му е тешко, се чувствува виновен бидејќи му зададе голема болка и многу солзи на татка си.Синан сметаше дека треба да си ја одлежи грешката иако душата му се кинеше, вели изворот. Тие по неколку години се сретнале и Синан му простил, а средбата била емотивна.Сега Рашид повторувал дека тој е виновен за смртта на татка си.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.