Полицијата синоќа открила скриено оружје, меѓу кое пушки и пиштоли, во објект во скопското село Арачиново, објави Плус инфо.
Овој запленет арсенал е дел од тековната акција на МВР насочена кон сузбивање на насилни криминални групи. Акцијата, која започна во неделата, продолжува и денес, со засилено присуство на полициски единици на повеќе локации низ земјата.
Досега, приведени се седум лица поврзани со криминалните групи од Дуќанџик и Арачиново. При претресите на 30 локации – 28 во Скопје и две во Велес – откриени се значителна сума на пари и оружје.
Со овие активности, полицијата се приближува кон расчистување на неколку убиства што предизвикаа внимание во јавноста.