Сиромаштијата е штетна по здравјето

Научниците се категорични – да си сиромашен е штетно за здравјето.
Недостатокот на пари влијае не само врз банкарската сметка, но и врз општата здравствена состојба, пишува весникот „Дејли експрес”, повикувајќи се на американско истражување.
Постојаниот стрес од недостатокот на доволно финансиски средства кај индивидуи со понизок социјален статус го оптоварува имунолошкиот систем и може да поттикне напади на телото, предизвикувајќи воспалителни процеси.


Истражувањето може да објасни зошто побогатите луѓе имаат тенденција да живеат подолго, додека меѓу посиромашните процентот на кардиоваскуларни болести и дијабетес е доста повисок.
Авторите на оваа студија од универзитетот “Дјук” утврдиле дека социјалниот статус влијае врз вклучувањето и исклучувањето на гени во имунолошкиот систем

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.