Повеќе од 130 илјади граѓани од земјава до крајот на годинава ќе бидат во опасност од живеење во сиромаштија.
За околу 10 отсто се предвидува намалување на приходите и тоа кај граѓаните со најниски месечни примања, а до 15 отсто намалување кај остатокот од населението.
Истражувањето на Светска банка покажува дека во периодот што следи драстично ќе се намали средната класа, а сиромаштијата ќе се продлабочува во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата со здравствената криза.