Сопругот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ тајно се гледал со старлетата Сораја Вучелиќ, објавуваат српските медиуми.
Толку бил опседнат од неа, што и купил нараквица картие, направена од дијаманти од дури 60.000 евра!
Тоа не било се. Сораја одела во Истанбул, кај сопругот на Карлeуша, а Душко ветил дека ќе се разведе од Јелена и дека неа ќе ја претстави како нова девојка.
-Душко одлепи по Сораја. Беше упорен и секој ден и пишуваше, но Сораја на почетокот го испитуваше теренот. Не го познаваше доброи, па не беше сигурна дека тој е сериозен додворувач и не сакала да се впушти во тој вид авантура. Меѓутоа Душко првеше се да ја освои. И зборуваше дека од неа нема поубaва и позгодна девојка, па таа на крај попушти, рекол изворот.