Сите чекаа да го покаже вистинското лице: Карлеуша не се воздржа удри по Евровизија, а особено по оваа претставничка

Еден од најголемите „експерти“ кој фановите со душа чекаат да даде свое мислење и став во врска со актуелната Евровизија е токму пејачката која во минатото повикуваше политичари да преземат нешто во врска со нејзиниот линч во медиумите, но и плукаше во српската репрезентација на СП минатото лето во Русија.
Карлеуша на својот Инстаграм профил сподели објава во која жестоко удри по нивната овогодинешна претставничка.


-Се додека Србија на Евровизија праќа песни без смисла и порака, луѓе кои и во својата земја не успеале да ја допре публиката, настап без никаква идеја- секоја година ќе се случува исто. Нека победата на Марија Шерифовиќ биде шаблон по кој мора да се создаваат храбри песни кои ќе испраќаат силни пораки низ интелигентен настап. Евровизија е натпревар во идеите, пораките, храбростите и оргиналностите на ЛГБТ ставовите. Кога ЛГБТ популацијата не препознава и не го „осети“ тој на Евровизија, ништо нема да направи. Србија е земја која е навикната на победа, пишува Карлеуша.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.