Си ја убил бабата, па се пријавил во полиција

Трагедија се случи вчера доцна попладне во скопско Драчево. Дваесетгодишник ја убил својата 66 годишна баба, по што сам се пријавил во полиција. Како што соопшти Основното јавно обвинителство – Скопје, дежурен јавен обвинител го раководел увидот на лице место каде што било пронајдено безживотно тело.
Според првичните информации станува збор за насилна смрт, а убиецот бидејќи сам се пријавил бил задржан во полициска станица. Се работи за момче на возраст од 20 години, внук на починатата – се наведува во соопштението на ОЈО.
По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.