За убиството на дилерот на дрога Лука Радуловиќ, осомничен пејачот Аца Лукас
Полицијата во мобилниот телефон на Радуловиќ пронашла броеви за кои се претпоставува дека припаѓаат на пејачи, политичари и бизнисмени.
Полицијата во истрагата за убиството на нарко дилерот Лука Радуловиќ во неговиот телефон пронашла именик и шифрирани пораки, пренесува српски Курир.
Во телефонот имало броеви за кои се претпоставува дека припаѓале на пејачи, спортисти, но и бизнисмени и политичари, а полицијата ќе истражи во каква врска биле тие со Лука и дали имаат некои информации кои би помогнале во расветлување на истрагата.
Според некои српски медиуми, еден од броевите во именикот на нарко дилерот бил бројот на пејачот Аца Лукас.