Скандал: Невенка Стаменковска со две плати во општина Гази Баба

Поранешната пратеничка и заменик министерка од ВМРО-ДПМНЕ во една од техничките влади, Невенка Стаменковска Стојковски е актуелен секретар на Општина Гази Баба.

Но покрај месечната плата како секретар на општината, Стаменковска Стојковки добива и дополнителни пари исто така од Општина Гази Баба, но овој пат со договор на дело како координаторка на проект што општината го добива преку Еразмус програмата.
Како што може да се види од Договорот, Стаменкова е проектен координатор и за тоа месечно добива по 9.000 денари надомест до 31.01.2024 година.

Стаменковска два пати во месецот добива пари од општината, еднаш како вработена на позицијата Секретар, а еднаш како Давател на услуги.
Покрај етичкиот момент, спорен е и фактот што Договорот е заверен во месец април оваа година, а ангажманот е започнат во месец февруари, па таа веројатно добила пари и ретроактивно за месеци за кои немало потпишано договор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.