Тој помина 624 километри пешки за да стигне од Скопје до православниот манастир Острог кој се наоѓа во Црна Гора.
Серафимовски на пат кон Острог тргна на 5 август, а пристигна пред три дена, односно на 13 август.
Ова негово поклоничко патување траеше цели осум дена и дневно поминуваше речиси 80 километри за да стигне до манастирот.
Воден од својата силна верба во Господ, тој успешно го заврши својот пат, а како што самиот пред тргнување откри на Фејсбук, ова му е 130-тото поклоничко патување, на кое стигна чекор по чекор.
Откако пристигна тој им се поклони на моштите на Свети Василиј Острошки, а на својот Фејсбук профил објави:
„Целта е остварена. Здравје и спасение на сите што ми дадовте поддршка за ова мое патување“, напиша Сашо на фејсбук.
Тој само еден ден претходно напиша:
„За сите оние кои со мене одат во Манастирот Острог на поклонување на моштите на Чудотворецот Св. Василие Острошки. Одиме со чисти мисли позитивно расположение и за добро здравје . Сите добри дела треба да се прават совршено и целосно, не делумно. Само уште малце …“