Од утре Град Скопје со низа активности ќе ја одбележи Европската недела на мобилност што годинава се одржува под мотото “Пешачи со нас – Сигурно пешачење и возење велосипед“.
Целта е да се поттикнат граѓаните да ги променат навиките и почесто да користат активни начини на движење, или да го комбинираат пешачењето и возењето велосипед со користење јавен превоз.
Пред околу половина век пешачењето и возењето велосипед го практикувале сите оние кои не можеле да си дозволат да поседуваат и користат автомобил. Меѓутоа, состојбата денес е поинаква и градовите повеќе не се во можност да го поднесат огромниот метеж од возила кои секојдневно ги загадуваат и заглавуваат улиците, велат од Град Скопје.
Активностите со кои ќе се одбележи Европската недела на мобилност ќе траат до 22 овој месец.