Скопјанка киднапирана среде бел ден во Ново Лисиче, успеала да избега кај Велес

Дваесет и три годишна девојка од Скопје среде бел ден насилно била внесена во автомобил откако излегла од зградата каде работи.
Од МВР информираат дека околу 15:40 часот на бул. „Видое Смилевски Бато“ во населба Ново Лисиче во Скопје, непознато лице се приближило до Ќ.М.(23) од Скопје, која излегла од зградата каде работи и насилно ја внело во патничко возило, по што се упатиле по стариот пат Катланово-Велес.


Во близина на езерото „Младост“ во Велес, Ќ.М. успеала да избега од возилото фаќајќи го воланот и пеш се упатила кон Велес.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.