Вчера во СВР Скопје четириесет и петгодишнот П.И. од с.Драчевица, Скопско, пријавил дека го пронашол неговиот братучед С.И.(54) убиен со удари од секира. Како што е пријавено П.И. претходно ја видел Ф.И.(51), сопруга на С.И. како со секира во рака излегува од куќата на нејзиниот сопруг. На местото на настанот била повикана Итна медицинска помош чиј лекар констатирал смрт.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и во куќата на нејзините родители ја пронашле Ф.И., која била лишена од слобода и задржана во Полициската станица Кисела Вода.
По наредба на Јавен обвинител телото на С.И. е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, а се работи и на целосно расчистување на случајот.