Нестабилна облачна маса од запад ја зафаќа Скопската Котлина и градското подрачје, информира УХМР.
Проследена е со пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилување на ветерот.
Движењето е во правец кон исток со релативно голема брзина, па се очекува нејзино поминување во наредниов час.