Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.
На 14 октомври, осомничениот тешко телесно ја повредил и го нарушил здравјето на неговата бремена сопруга, доведувајќи го во опасност нејзиниот и животот на плодот.
- Возете внимателно: Снег на патот Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Стража и Страцин
- „Имавме секс пет пати на ден!” – Милица Тодоровиќ ги откри најинтимните детали за врската со Петер Стругар (фото)
- Го сокрила телото на мртвиот син во барака: Мајката го признала грозоморното злосторство во болничкиот кревет, дедото до смрт го мачел бебето, а потоа… (фото)
- (Видео) Се појави огнено торнадо во долината Сан Фернандо во Лос Анџелес
- Тито строго им забрани на сите да ја свират оваа песна: Многумина кренаа раце поради неа, а потоа Јованка ги прекрши правилата (фото/видео)
- Џенифер Лопез е загрижена за Бен Афлек, постојано му се јавува и сака да биде негова поддршка
- 153.000 луѓе евакуирани од округот Лос Анџелес
- Апокалипса! Калифорнија ја напаѓаат библиски поплави и страшна суша: Сезонската граница е изгубена, природата дивее, што се случува!? (ФОТО/ВИДЕО)
- УАПСЕН Е СРБИН ВО ЗВЕЧАН: Му се заканувал на Курти
Додека заедно со оштетената и нивното 2-годишно дете се движеле со автомобил, осомничениот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физички ја нападнал сопругата која седела на совозачко седиште.
Оштетената излегла од автомобилот и се обидела да побара помош, но осомничениот тргнал по неа и продолжил да ја влече и удира. На тој начин и нанел тешки телесни повреди, загрозувајќи го и плодот. При дополнителен преглед било констатирано дека плодот починал.
Јавниот обвинител нареди судско-медицинско вештачење и доколку со наодот се потврди дека причина за смртта на плодот бил физичкиот напад, ќе се изврши соодветна квалификација на делото.
До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и оштетената и да го повтори делото.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.