Сладолед од лубеница – нискокалоричен и превкусен десерт за цело лето

Сладоледот од лубеница освежува и истовремено е здрава замена кога очајнички ќе ви се пријаде нешто слатко. Во овој едноставен рецепт можете да уживате цело лето.

Потребни состојки:
– 700 гр. лубеница (исчистена)
– 1 лимон или лимета
– 250 мл. грчки јогурт
– 1 лажица мед
– 1/2 лажичка екстракт од ванила
– рендано чоколадо по желба

Начин на подготовка:
1.Исчистете ја лубеницата од семки, исечете ја на помали коцки па распоредете ги на тава која ќе ја обложите со хартија. Ставете ги парчињата лубеница во замрзнувач на најмалку 3 часа. Потоа, извадете ја лубеницата и ставете ги парчињата во блендер.
2.Блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Потоа додајте го сокот од лимон, медот и грчкиот јогурт, па уште малку блендирајте. На крај додајте малку екстракт од ванила.
3.Добиената смеса префрлете ја во поголем сад и вратете ја во замрзнувач на 2-3 часа. Со лажица за сладолед вадете топчиња и по желба изрендајте малку чоколадо одозгора.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.