Министерот за одбрана Владо Мисјаловски денеска предупреди дека идната година Армијата ќе има нови професионални војници, како дополнителен административен кадар потребен за министерството.Тој на денешната прес-конференција рече дека одржливото буџетирање, модернизацијата и инвестирањето во човечки ресурси остануваат врвни приоритети за министерството и армијата.„Од следната година ќе почнеме да примаме нови 300 професионални војници. Ќе ги објавиме сите потребни информации и заинтересираните ќе можат да се пријават. Со ова го зголемуваме бројот на припадници во Армијата и ја подобруваме борбената готовност. Продолжуваме и со прием на до 60 граѓани на граѓански факултети и ќе ја завршиме процедурата за прием на питомци. Дополнително ќе ангажираме кадри кои се потребни во Министерството за одбрана“, изјави Владо Мисајловски, министер за одбрана.Тој додаде дека министерството издвоило околу 14 милиони евра за исплата на неисплатени средства од 2004 година, додавајќи дека тоа е важно бидејќи на овој начин се избегнуваат трошоци за извршители и судски постапки.„Буџетот на Министерството за одбрана за 2025 година е 329 милиони евра, од кои 106 милиони или 32 отсто се наменети за модернизација и опремување на армијата. Во однос на 2024 година е зголемен за 18 милиони евра“, потенцира Владо Мисајловски.Мисајловски нагласи дека модернизацијата опфаќа опрема од осум хеликоптери, притоа потенцирајќи дека се планира и реконструкција на Куќата на АРМ во неколку фази, како и на камповите во Охрид и Дојран.
Пронајдете не на следниве мрежи: