Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда кон крајот на денот и во четврток.
Утре времето ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за слаб локален дожд. УВ индексот ќе биде 6.
Во четврток следува променливо облачно време со појава на локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.