Словенец направи „пица бурек“, рецепт кој предизвика бурни коментари од Балканот

Рене Штргар, Словенецот кој долги години живее и работи во Лондон и е специјализиран за подготовка на „sourdough pizza“, неодамна на својата Фејсбук страница објавил видео од подготовка на пица бурек.

Во описот на видеото навел дека станува збор за балкански пица бурек и дека ова јадење е исклучително популарно во Љубњана. Додал дека омилен бурек му е тој со сирење, но и како оваа варијанта со сирење и домати навистина е одлична.
За подготовката користел квалитетни состојки, кои вообичаено ги користел за своите пици.

This is how to make a Balkan-style pizza burek!🍕It’s a dish/snack which is very popular, especially in the capital of Slovenia Ljubljana. My favourite Burek is with cheese but this one is a proper banger! I used the same great-quality ingredients I put on my pizza.Ingredients:For the filo dough:* 350g strong bread flour* 170g water* 5g olive oil* 4g salt* 15g sourdoughIf you don’t have time to make your filo just try to get one with the fewer ingredients possible… Package around 275-350g.For the sparkling water mixture:* 200g sparkling water* 20g oil* 2g saltFor the toppings:* 250-350g Fior di latte mozzarella* 400g can of San Marzano tomatoes* 4g Salt* Pecorino cheese* Fresh basil and oreganoInstructions:1. In a mixing bowl, combine the flour, water, olive oil, salt, and sourdough. Mix everything, and knead it for around 10 minutes to get a smooth elastic dough. Leave it covered at room temperature for 8 hours.2. After 8 hours, divide the dough into small 35g balls. Rest them for 1 hour and then roll them out to a paper-thin circle. Use a cornstarch & flour mixture so they don’t stick. Cut out rectangles or leave them in a circle shape.3. Preheat your oven to 215°C.4. Prepare the sparkling water mixture by combining sparkling water, oil, and salt.5. Grease your pan with olive oil to prevent sticking. Start laying the filo sheets and toppings as follows: * 3 empty filo pastry sheets * A bit of sparkling water mixture * Another empty filo pastry sheet * Toppings (mozzarella, San Marzano tomatoes, Pecorino cheese, fresh basil, and oregano) * Another empty filo pastry sheet * Sparkling water mixture * Fold into a circular shape and repeat the process until you use up all the filo sheets and toppings. * Finish with an empty filo pastry sheet on top. * Make a lot of holes with a toothpick and add the remaining sparkling water mixture.6. Bake the burek in the preheated oven for around 40 minutes or until the crust is golden brown.7. Remove from the oven and let it cool for a few minutes before slicing and serving if you can’t resist cut and eat immediately as I did😁#pizzaburek #burek #pizza

Posted by Rene's Pizza Place on Thursday, April 13, 2023

Потребни намирници:

  • Кори за пита, 350 грама
  • 200 мл газирана вода
  • 20 мл масло
  • 2 грама сол

Полнење:

  • 250-350 гр моцарела
  • 400 гр конзервирани домати
  • 4 гр сол
  • Овчо сирење
  • Свеж босилек и оригано

Подготовка:
Загрејте за рерната на 215 степени. Подгответе мешавина од минерална вода, масло и сол. Премачкајте ја тавата со маслиново масло, за да не се залепи. Почнете да ги редите корите и состојките на следниов начин:

  • 3 празни кори
  • Попрскајте со мешавината од минералната вода
  • Празна кора
  • Фил (моцарела, домат, сирење, свеж босилек и оригани)
  • Празна кора
  • Мешавина од минерална вода

Повторувајте ја постапката додека не се потрошат сите состојки. На крајот ставете една празна кора и прелијте ја со преостанатата смеса. Бурекот се пече во загреана рерна околу 40 минути или додека кората не порумени. Извадете го од рерната и оставете да се излади неколку минути пред да го исечете и послужите.
Под видеото осамнале бројни коментари. Повеќето луѓе биле согласни дека вистинскиот бурек единствено е со месо. „ Ве молам не го „уништувајте“ бурекот. Не му требаат измени, совршен е таков каков што е. Ви благодарам. Сите од Балканот“, „Изгледа вкусно, но истовремено звучи како „богохулење“, „Дали знаете дека ова е исто како Италијанците да ги послужите пица со ананас“.
Имало и такви на кои им се допаднала идејата за ова јадење, додека некои веќе ја пробале комбинацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.