Јавното претпријатие „Службен весник“ и Секретаријатот за европски прашања денеска потпишаа Меморандум за соработка со којшто се овозможува меѓусебна размена на законите и подзаконските акти во државата и на примарното и секундарното законодавство на Европската унија.Меморандумот го потпишаа директорот на „Службен весник“ Лука Кржалоски и државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања Ана Блажеска.
– Ова е прв вид на ваква соработка преку која нудиме соодветна информираност до општата и стручната јавност со преведени текстови на закони и подзаконски акти во Република Македонија на англиски јазик. Ова за нашата институција е важен исчекор со кој ја заокружуваме алката која ни недостигаше во понудата на нашите услуги, а тоа се преводите на законите на англиски јазик, истакна директорот Кржалоски.
Според државниот секретар на СЕП, со потпишувањето на овој документ, двете институции ќе имаат можност подобро да одговорат на очекувањата од граѓаните, односно на обезбедувањето релевантни материјали и информации.
– На овој начин граѓаните ќе можат да ги имаат на увид сите акти коишто ги преведуваме на македонски јазик. Освен тоа ги преведуваме и дел од законските кои претставуваат транспонирање на европското законодавство на англиски јазик. Во тој контекст, овие закони ќе можат да ги најдат граѓаните во електронската база на „Службен весник“, посочи Блажевска.
Пристапот до текстовите со превод на англиски јазик и до законодавството на ЕУ, објавени во електронската база на прописите на „Службен весник“ може да се очекува од следната недела.Меморандумот го потпишаа директорот на „Службен весник“ Лука Кржалоски и државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања Ана Б